домаХроникаТетовчанец чистејќи трева запалил оган и предизвикал голем пожар во Гајре, полицијата...

Тетовчанец чистејќи трева запалил оган и предизвикал голем пожар во Гајре, полицијата го уапси

- Advertisement -spot_img

Уапсен е 55-годишен жител на тетовското село Гајре, кој е осомничен дека предизвикал голем пожар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, човекот чистел трева на својот имот и запалил оган, кој што се проширил и зафатил голем површина.

„На 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина“ соопшти МВР.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img