домаМакедонијаДве години и барал пари за да не објави нејзини експлицитни видеа...

Две години и барал пари за да не објави нејзини експлицитни видеа – уапсен е тетовец

- Advertisement -spot_img

МВР информира дека вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с. Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер.

Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска.

Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе наврати ѝ барал парични средства за да не ги објави снимките.

З.Ѓ е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img