домаМакедонијаТошковски: Се работи на расчистување на убиството во Чаир, еден од сторителите...

Тошковски: Се работи на расчистување на убиството во Чаир, еден од сторителите издржува затворска казна

- Advertisement -spot_img

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во гостувањето на „Канал 5“ истакна дека интензивно се работи на расчистување на случајот со убиството на 26-годишното момче синоќа во Чаир, нагласувајќи дека МВР има првични информации за сторителите и дека едниот од нив моментално е на издржување казна затвор.

Тошковски нагласи дека се обезбедени соодветни докази и се надева оти најбрзо што може ќе се обезбедат сторителите и ќе бидат предмет на кривичен прогон.

-Во овој момент официјално не би можел да издвојам кои се мотивите. Можам само да истакнам дека интензивно се работи на предметното кривично дело. Министерството за внатрешни работи има првични информации за сторителите. Има обезбедено и соодветни докази во однос на тоа кои се сторителите, така што се надевам дека најбрзо што може ќе ги обезбедиме и тие ќе бидат предмет на кривичен прогон, како што, да речеме, беа и многумина во изминатиот период, а притоа сторија огромен број кривични дела во изминативе години. И сега имаме таков случај – рече Тошковски во врска со вчерашното убиство во Чаир.

Дваесет и шестгодишникот во Чаир беше убиен од двајца напаѓачи со мотоцикл.

– Во СВР Скопје вчера околу 23:30 часот е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img