домаМакедонијаСДСМ: Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за...

СДСМ: Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар

- Advertisement -spot_img

СДСМ ја обвини власта за задоцнета реакција, институционален хаос и неодговорност во справувањето со западнонилската треска и со здравствената криза во Гостивар.

„Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека со недели предупредувале дека власта задоцнила со превенцијата од западнонилската треска, со прскањето против комарци, системските мерки и навремената заштита на граѓаните.

„Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема“, велат од СДСМ.

Од партијата се осврнаа и на здравствената криза во Гостивар, наведувајќи дека околу 5.000 граѓани побарале медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

„Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img