На седницата беше разгледан и усвоен Акцискиот план на Движење ЗНАМ, со кој се утврдуваат конкретните активности и приоритети на Движењето во наредниот период.
Акцискиот план претставува основа за понатамошно организациско јакнење, поголема активност на општинските организации и директно присуство меѓу граѓаните, со јасно дефинирани рокови, активности и одговорности.
Во рамки на седницата беа разгледани и веќе започнатите активности поврзани со:
➡️формирањето на Клубот на жени на Движење ЗНАМ;
➡️формирањето на Клубот на млади на Движење ЗНАМ;
➡️одржувањето на општинските конференции и изборот на нивните раководства;
➡️Предлог – одлука за формирање на комисии на Движење ЗНАМ.
Движењето ЗНАМ продолжува со активно градење на силна, организирана и функционална политичка структура, со јасна визија и конкретен план за дејствување.






