Унгарскиот премиер Петар Маѓар нема да поддржи прошурување на ЕУ на брза трака . Ова е ставот кој го изнесе по средбата со претседателот на европскиот совет Антонио Кошта а ставот го објави и на својот Ф.Б профил по средбата каде се осврнува на темите за кои се дискутирало.
Петар Маѓар: Ја направив средбата светла за новиот седумгодишен буџет на Унијата може да се прифати само ако компромисот е во интерес на унгарскиот народ и бизнисите. Повторив, дека Унгарија во секој случај не го поддржува забрзан пристапниот за било која земја во процесот за проширување .
Ова се само дел од тезите кои Маѓар ги изнесува на својот ф.б профил , а премиерот Мицкоски пак денеска одговарајќи на новинарско прашање на темата посочи дека не верува дека ова се однесува на Македонија бидејќи Унгарија е долгогодишен наш пријател и поддржувач на евроинтегративните процеси .
И опозицискиот лидер Венко Филипче денеска со обвинувања на адреса на премиерот Мицкоски и власта дека како што рече тие биле главните кочничари на евроинтегративните процеси на земјата и додаде дека и стратешките партнери почнуваат да го забележуваат тоа .
Во меѓувреме пак земјата влегува во новиот зададен рок каде до декември ќе треба да ги испорача реформските закони кои се бараат од нас . Сето тоа се случува во услови кога албанскиот опозициски блок веќе почна со блокади на законодавниот дом уште пред одморите е најавија дека ќе продолжат така и наредниот период особено со законите кои според нив се косат со охридскиот рамковен договор . Ова го отвара прашањето дали парламентарното мнозинство пак ќе ја продолжи праксата на носење на закони со европско знаменце и дали можеби ќе има посебна седница на која би биле ставени најголем дел од законите со бадентер иако собранискиот спикер Гаши пак посочи дека законите ќе се стават на седници според повеќе критериуми, односно од потребата и нивната итност, но и постоењето на политичка воља. Гаши исто така посочи дека и ќе побарта од комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да утврди дали опозицијата го злоупотребува деловникот и процедуралните со кои го кочи текот на работењето на седниците .






