домаСветТензии меѓу Русија и Германија по инцидентот во Лајпциг

Тензии меѓу Русија и Германија по инцидентот во Лајпциг

- Advertisement -spot_img

Односите меѓу Русија и Германија дополнително се заоструваат откако Берлин ја обвини Москва за вмешаност во обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг.

Поради обвинувањата, германскиот вршител на должноста амбасадор во Москва, Бернд Финке, бил повикан во руското Министерство за надворешни работи на разговор.

Од руското МНР соопштија дека на германскиот дипломат му било пренесено дека Москва „одлучно ги отфрла“ обвинувањата од Германија во врска со инцидентот во Лајпциг.

Москва истовремено остро реагирала и на одлуката на Берлин за затворање на рускиот генерален конзулат во Бон и Рускиот дом во Берлин.

„Ова претставува чекор кон конечно уништување на односите меѓу Русија и Германија“, наведоа од руското Министерство за надворешни работи.

Руската страна оценила дека Берлин намерно предизвикал провокација со цел дополнително да ја влоши состојбата во билатералните односи.

Од Москва потезите на германските власти ги опишале како „антируски активности“ и најавиле дека Русија ќе одговори остро.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img