домаХроникаДрога пронајдена во автокамп во Струга, кај дилери пронајден и остар предмет

Дрога пронајдена во автокамп во Струга, кај дилери пронајден и остар предмет

- Advertisement -spot_img

Тројца жители на Струга биле приведени во одделни случаи во текот на вчерашниот ден и рано утрово, при што кај нив била пронајдена марихуана.

Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од мобилниот тим при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во близина на хотел на струшкото крајбрежје, ги привеле Е.В. (21) и Л.Р. (19), двајцата од Струга. При извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и остар предмет.

Неколку часа подоцна, односно на по полноќ во 00:30 часот, припадниците на мобилниот тим во близина на автокамп во Струга го привеле и Б.Д. (39) од Струга, кај кого исто така била пронајдена марихуана.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img