Синоќа во 20:29 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош при ЈЗУ „Здравствен дом“ – Крива Паланка било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен Ч.В.(63) од село Кркља, кривопаланечко, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи на фарма во село во општина Ранковце.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






