домаРегионТоварен брод со 10-член екипаж потона кај Истанбул – министерот за транспорт...

Товарен брод со 10-член екипаж потона кај Истанбул – министерот за транспорт соопшти: „Никој не е пронајден жив“

- Advertisement -spot_img

Товарен брод потона по судир во Мраморното Море, во близина на Истанбул; сите 10 члена на екипажот се водат како исчезнати, а во тек е голема потрага.

Еден од двата товарни брода што се судрија рано утринава во Мраморното Море, во близина на Истанбул, потона само неколку минути по ударот, а сите 10 члена на неговиот екипаж се исчезнати. Во тек е обемна потрага од воздух и од море, но досега ниту еден од морнарите не е пронајден жив.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, потврди дека властите веруваат оти бродот „Тугберк Имамоглу“ завршил на морското дно.

– Веруваме, и тоа повеќе или помалку го потврдивме, дека „Тугберк Имамоглу“ потона – изјави Уралоглу за новинарите во Истанбул.

Сите 10 члена на екипажот се турски државјани. Спасувачите се обиделе да стапат во контакт со нив преку мобилни телефони, но без успех.

– Досега никој не е пронајден жив – рече министерот.

Несреќата се случила околу три часот наутро, на приближно 18 наутички милји, односно околу 33 километри јужно од истанбулската област Силиври.

Според најновите информации од турските и странските медиуми, „Тугберк Имамоглу“ потонал многу брзо – за само околу 11 минути по судирот.

Бродот превезувал приближно 4.200 тони валани челични лимови.

Вториот брод, „Алсу“, всушност е танкер кој во моментот на несреќата бил празен.

Турските власти првично соопштија дека тој превезувал околу 3.000 тони моторно масло, но таа информација подоцна беше коригирана.

Според првичните проценки, на танкерот немало видливи сериозни оштетувања.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img