СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Тој неовластено заземал катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.






