домаРегионОдмор во Добра Вода заврши со невидена трагедија – мајка и ќерка...

Одмор во Добра Вода заврши со невидена трагедија – мајка и ќерка починаа во рок од само еден час

- Advertisement -spot_img

Голема трагедија се случила за време на одмор во познатото црногорско туристичко место Добра Вода, каде што починале мајка и ќерка од Сараево.

Според информациите што ги објави „Аваз“, најпрво починала ќерката, а само околу еден час подоцна починала и нејзината мајка.

Идентитетот на двете жени засега не е објавен во јавноста.

Според првичните информации од Црна Гора, во случајот нема елементи на кривично дело. Извори на „Аваз“ наведуваат дека обдуцентот прелиминарно се изјаснил дека и кај мајката и кај ќерката станува збор за срцев застој.

Мајката и ќерката биле од Сараево и престојувале на одмор во Добра Вода кога се случила трагедијата.

Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите што довеле до нивната смрт.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img