домаМакедонијаСточарите бараат обештетување за изгубените овци – од овча сипаница угинале од...

Сточарите бараат обештетување за изгубените овци – од овча сипаница угинале од седум до десет илјади овци

- Advertisement -spot_img

Одгледувачите на овци и кози попладнево во Штип ќе одлучуваат кои се следните чекори и кои барања ќе ги достават до Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за состојбата со овчата сипаница. Според нивни проценки на терен се угинати од 7.000 до 10.000 овци од болеста овча сипаница.

Претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци и кози, Насер Џемаили на денешната прес-конференција истакна дека сточарите меѓу барањата ќе го потенцираат и итното обештетување на сопствениците на стадата овци и кози, на кои им угинаа од овчата сипаница.

„Веќе знаеме дека бројката е од седум до десет илјади овци, но не е целосна. Сигурно имаме и повеќе стада изгубени, гледаме дека веќе и сточарите се плашат да ги пријават случаите, затоа што поминува многу време до уништување на стадото и не знаат, не се сигурни, дали ќе им се обештетат тие стада. Никој од сточарите не сака да ги изгуби овците и да останат на улица. Така да, денеска ќе одлучиме со барањата, што побрзо да се обештетат изгубените овци“ – изјави Претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци и кози, Насер Џемаили.

Сточарите најавија дека доколку власта нема слух за нивните барање ќе отидат пред Владата со своите овци. Поддршка имаат и од Конфедерацијата на синдикални организации.

„Премиере, значи најитно што може, фати ја работата во свои раце, бидејќи стадата чекаат од трлата ги собираме и ги носиме пред влада. Многу е алармантна ситуацијата, за да може и тоа малку што остана овде, да го задржиме, да го сочуваме, да останат луѓето и да се занимаваат со тоа со што со векови и нивните дедовци и чукундедовци се занимавале е практично препорака од конфедерацијата“ – рече Гоце Делчев Тодев од Конфедерацијата на синдикални организации.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img