домаХроникаСпречен обид за цртање графити на железничкиот имот, најавено засилено обезбедување

Спречен обид за цртање графити на железничкиот имот, најавено засилено обезбедување

- Advertisement -spot_img

Навремена реакција на Службата за безбедност на ЖРСМ Транспорт спречила обид за нанесување графити и оштетување на железничкиот имот, информира генералниот директор на претпријатието, Дејан Кошутиќ.

Кошутиќ преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека при интервенцијата биле пронајдени материјали наменети за цртање графити, како и храна за кучиња.

„Спречен е обид за нанесување графити и оштетување на железничкиот имот“, наведе Кошутиќ, додавајќи дека случајот е предаден на надлежните органи.

Од ЖРСМ Транспорт најавуваат дека во наредниот период ќе биде засилено обезбедувањето и надзорот над возниот парк и објектите на претпријатието.

„Секој обид за оштетување на државниот имот ќе биде соодветно пријавен и процесуиран“, порача Кошутиќ. Тој упати и апел за одговорно однесување кон јавниот имот, нагласувајќи дека железничката инфраструктура е имот на сите граѓани.

„Јавниот имот е имот на сите нас“, порача генералниот директор на ЖРСМ Транспорт.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img