домаМакедонијаПетрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот

Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот

- Advertisement -spot_img

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова вели дека во Скопје нема доволно политичка волја за спроведување на договореното во европскиот компромис од 2022 година и оценува дека конфронтацијата и антибугарската реторика само го оддалечуваат процесот на евроинтеграција.

Во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“, Петрова потсетува дека во 2022 година била дел од тимот кој ја застапувал бугарската позиција пред Европската Унија и вели дека Софија успеала да ги убеди европските партнери да ја прифатат таа позиција.

„Европскиот компромис од 2022 година беше огромен успех бидејќи беше поткрепен со категоричен меѓуинституционален консензус во Бугарија“, изјавила Петрова. Таа додава дека постигнувањето таков консензус било тешко и дека токму тоа, според неа, му дало дополнителна тежина на договореното.

Петрова тврди дека Бугарија не поставува нови услови за Македонија и не бара ништо надвор од веќе утврдената европска рамка. Според неа, довербата меѓу двете земји може да се гради само преку исполнување на преземените обврски и конструктивен пристап во решавањето на отворените прашања.

Таа ја критикува и актуелната реторика во односите меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека конфронтацијата не ѝ помага на Македонија на патот кон Европската Унија, туку води кон губење време.

Во интервјуто Петрова го споменува и случајот со Ива Михајлова, оценувајќи дека односот на македонските власти во тој случај не остава простор за поголем оптимизам дека наскоро може да има посериозен напредок во односите меѓу двете земји.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img