Жена од Венецуела пријавила дека била нападната од Косовец кој живеел во Лондон, во апартман во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера Л.А.Ц.Г.(37) од Венецуела пријавила во полиција дека во апартман во Скопје, на територија на Центар, во кој престојувала, околу 03:00 часот била физички нападната од Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон, а со кого претходно телефонски се договорила да се сретнат.
При тоа, тој и одзел два телефона. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






