домаХроникаМистериозно исчезнување на 17-годишна девојка: Кажала дека е во Струга, а потоа...

Мистериозно исчезнување на 17-годишна девојка: Кажала дека е во Струга, а потоа станала недостапна

- Advertisement -spot_img

Се трага по 17-годишно девојче од Желино кое исчезнало откако во неделата излегло од својот дом и не се вратило.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 25 август во 01:00 часот во Полициското одделение Групчин од страна на Н.М. (47) од селото Желино.

Тој пријавил дека неговата 17-годишна ќерка А.Н. претходниот ден, на 24 август околу 11:00 часот, излегла од семејниот дом и оттогаш не се вратила.

Како што е наведено во пријавата, девојчето последен пат телефонски разговарало со својата мајка. Во разговорот ѝ кажала дека се наоѓа во Струга, по што нејзиниот телефон бил исклучен и таа станала недостапна, објави 4news.mk.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img