Атрактивната водителка Елеонора Инкардона (35) се упати кон стадионот „Сан Сиро“, каде што Интер ја започна одбраната на шампионската титула. Таа веднаш привлече внимание кога се појави покрај теренот во провокативен розов фустан.

Италијанката, која известуваше од Светското првенство во текот на летото, позираше на неколку начини, атрактивните фотографии ги објави на Инстаграм.
Нејзините објави предизвикаа бројни реакции кај нејзините 1,5 милиони следбеници.
„Кралицата се врати“, „Прекрасна си“, „Сè поубава и поубава“, беа само дел од воодушевените коментари под објавата.
Заедно со овие фотографии, водителката додаде малку подолг опис, но и им откри на сите како се чувствува по одморот и Светското првенство.

„Овогодишниот одмор беше краток, по Светското првенство, кое ми донесе емоции и спомени што ќе ги негувам засекогаш. Но, враќањето тука повторно ме потсетува колку го сакам она што го правам. Научив дека најважно е да продолжиме да инвестираме во себе и да работиме напорно. Бидејќи сè околу нас може да се промени, но она што го градиме со посветеност и напорна работа станува дел од нас. И никој не може да ни го одземе тоа.“










