Од денеска почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година. Рокот истекува на 31 август, а нова пријава треба да поднесат и досегашните корисници и бруцошите што сакаат да го користат правото од 1 октомври.
Студентите што ќе ги исполнат условите ќе добиваат по 140 денари дневно за храна, од понеделник до сабота.
Право на субвенциониран студентски оброк имаат државјани на Македонија што се редовни студенти на прв или втор циклус, како и студенти на интегрирани студии на државните и приватните универзитети.
Дополнителен услов е кандидатот да нема месечен приход по кој било основ повисок од минималната нето-плата во државата.
Правото не се продолжува автоматски од претходната академска година, па затоа и досегашните корисници мора повторно да аплицираат.
Пријавувањето е целосно електронско и се врши преку порталот на Министерството за образование и наука. Кандидатите треба да пополнат, потпишат и приложат два документа – „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци“.
Двата обрасци треба да бидат потпишани и приложени кон електронската пријава.






