Полицијата во Охрид уапси 71-годишен маж од Скопје по пријава дека во куќа агресивно се однесувал, упатувал закани кон 28-годишен маж од Кичево и други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност.
Инцидентот се случил завчера, а осомничениот бил приведен на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.






