домаРегионКИТКА ПОД ОПСАДА НА ОГНОТ - Авиони и пожарникари ја спасуваат планината,...

КИТКА ПОД ОПСАДА НА ОГНОТ – Авиони и пожарникари ја спасуваат планината, селата во паника!

- Advertisement -spot_img

Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата.

-Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси – три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми, вели Али.

Од ЦУК наведуваат дека во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак.

Дополнуваат дека ќе продолжат со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата. 

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img