домаМакедонијаГолем пожар го “прекри” патот Штип-Кочани и предизвика сообраќен прекин пред да...

Голем пожар го “прекри” патот Штип-Кочани и предизвика сообраќен прекин пред да го изгаси дождот

- Advertisement -spot_img

Голем пожар вечерва беснееше на Експресниот пат Кочани – Штип, а чадот и огнот го прекрија патот поради што сообраќајот беше во прекин.

Стојанче Ангелов од ДЗС информираше дњка станува збор за пожар на стрниште кој бил изгаснат со помош на дожд кој заврнал во тој регион.

На социјалните мрежи беа објавени видео-снимки од локацијата и на нив се гледа густ чад и оган над и околу патот, што ја намали видливоста и го отежна безбедното одвивање на сообраќајот поради што автомобилите застануваа и не се пробиваа низ чадот.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува, доколку е можно, да користат алтернативни патни правци и да не се упатуваат кон зафатената делница и да возат внимателно и претпазливо.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img