Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром вчеравечер, повредени се тројца луѓе, од кои еден има тешки повреди, соопшти полицијата.
„На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„АСНОМ“ и сервисните улици кои водат кон хотел Хилтон во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.М.(26) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(40) од с.Љубин, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „пежо“ В.М. и сопатничката од патничкото возило „фиат“ И.Ц.(38) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.






