домаМакедонија231 материјален доказ против Груби и останатите обвинети, судењето продолжува во септември

231 материјален доказ против Груби и останатите обвинети, судењето продолжува во септември

- Advertisement -spot_img

Со полициска марица, далеку од камерите пред главниот влез, поранешниот вицепремиер Артан Груби утрово беше донесен во Основниот кривичен суд во Скопје. Полициското возило влезе директно во гаражата на судот, од каде Груби беше спроведен во судницата во која започна постапката против него и уште седуммина обвинети.

На обвинителната клупа се Перпарим Бајрами, Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди, објави 4news.mk Првообвинетиот Бајрами, кој е во бегство, не беше присутен во судницата, а го застапува адвокатот Еленко Миланов.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски.

Уште на почетокот стана јасно дека судот планира постапката да ја води со забрзано темпо. Во предметот има обемен доказен материјал – вкупно 231 материјален и седум вербални докази.

Обвинителството оцени дека за изведувањето на материјалните докази нема да биде потребен подолг период.

„Материјалните докази, со исклучок на вештиот наод и мислење, би ги извеле на едно рочиште. Во однос на вербалните докази, зависи од вкрстените прашања, но би завршиле за неколку дена“, рече обвинителот.

Судијката најави дека намерата е месечно да се одржуваат по две судења, но на одбраната ѝ остави дополнителен простор да се запознае со доказниот материјал.

„Ќе оставам простор една недела да направите увид во сите докази“, им порача судијката на странките.

Веќе се утврдени и следните термини за продолжување на постапката. Рочишта се закажани за 7 септември во 12 часот, 11 септември во 10 часот и 16 септември во 10 часот.

Предметот го води судија поединец, бидејќи постапката се води по правилата за скратена постапка. Таа се применува за кривични дела за кои како главна казна е предвидена парична казна или затвор до пет години, а во прв степен одлучува судија поединец.

Груби и останатите обвинети се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“, дело за кое е предвидена затворска казна од една до пет години.

Додека во судницата се утврдуваше динамиката со која во следните недели ќе се изведуваат стотиците докази, едно место на обвинителната клупа остана празно – она на првообвинетиот Перпарим Бајрами, кој и натаму е недостапен за органите на прогонот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img