По повод Денот на независноста на Украина, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа.
Предвидени се обраќања на украинската амбасадорка, Лариса Дир, на амбасадорите на Француската Република, Сојузна Република Германија и Република Полска, Кристоф Ле Риголер, Петра Дрекслер и Мариуш Бримора, на претставникот на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, Оливер Спасовски, како и на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.
Потоа следуваат презентации на изложбата „Враќање на сеќавањето на Херсон“ и на изложбата посветена на Светското наследство на Украина под заштита на УНЕСКО, како и презентација на македонскиот превод на романот на Васил Шкљар, „Црниот гавран: останатиот“.






