домаМакедонијаОд февруари, над 310 илјади прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

Од февруари, над 310 илјади прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

- Advertisement -spot_img

Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2 февруари до 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, од кои 301.835 се однесуваат на надминување на дозволената брзина.

Кога станува збор за возила со странски регистарски таблички, во овој период регистрирани се 180.378 прекршоци, додека само на 19 и 20 август биле евидентирани 5.514 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да придонесат за побезбедни патишта.

„Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ се евидентирани 310.865 прекршоци, од кои 301.835 за надминување на дозволената брзина, додека 180.378 се сторени од возила со странски регистарски таблички“, соопшти МВР.

Од Министерството информираат дека во периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, најголемиот дел од регистрираните прекршоци се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img