домаМакедонијаТошковски: Паметни камери на граничните премини ќе ги селектираат само возачите што...

Тошковски: Паметни камери на граничните премини ќе ги селектираат само возачите што направиле прекршок

- Advertisement -spot_img

Паметни камери кои ги читаат регистарските таблички и ги селектираат возачите што направиле сообраќаен прекршок ќе бидат дел од новиот систем на граничните премини, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој објасни дека камерите се поставени при приближувањето кон граничниот премин и преку читање на регистарските таблички обезбедуваат информации врз основа на кои се врши селекција на возилата.

„Со паметни камери при влегување, при приближување кон граничниот премин, имаме поставено повеќе паметни камери кои ги читаат таблиците на возилата и врз основа на информацијата којашто ја добиваме во рамки на контролните места ги тргаат на страна и ги селектираат само оние управувачи на моторно возило кои што сториле сообраќаен прекршок“, рече Тошковски.

Според него, возачите кои немаат направено прекршок нема да бидат дополнително контролирани, туку ќе бидат пропуштани директно кон влезот во Република Србија.

Тошковски најави дека ова техничко решение начелно ќе биде имплементирано и на останатите гранични премини, откако ќе бидат обезбедени потребните предуслови.

Министерот призна дека при имплементацијата ќе има предизвици, но нагласи дека системот ќе се унапредува со цел да се зголеми безбедноста и ефикасноста.

„Предизвици ќе има, не велам не, ќе се подобруваме во рамки на сè она кое што треба да се подобриме, но пак ќе повторам – еден спасен човечки живот повеќе во споредба со претходно нема цена“, порача Тошковски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img