домаМакедонијаФерати – Памер: Градењето доверба, приоритет за мултиетничко и мултиконфесионално општество

Ферати – Памер: Градењето доверба, приоритет за мултиетничко и мултиконфесионално општество

- Advertisement -spot_img

Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи.

На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество. Амбасадорот Памер го оцени позитивно организирањето на настанот по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, истакнувајќи го неговото значење за соживотот и општествената кохезија.

Соговорниците разговараа и за можностите за зајакнување на соработката преку проекти на невладините организации од двете земји. Беше оценето дека соработката во оваа област може да придонесе за зајакнување на демократијата, вклучување на младите, градење доверба и развој на етничките заедници.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img