домаЕкономијаРаботилница за фер туризам во Охрид

Работилница за фер туризам во Охрид

- Advertisement -spot_img

Фер туризам, лојална конкуренција и сузбивање на сивата економија. Ова се главните цели на регионалниот настан што денес во Охрид го организираа Управата за јавни приходи и локалната самоуправа, со порака дека развојот на туризмот мора да се темели на еднакви правила за сите и навремено плаќање на данок.

Охрид како главен туристички центар во земјава мора да биде пример за одржлив и уреден туристички систем.

„Целта на Управата не е да казнува, да ги казнува даночните обврзници, туку да ги поттикне, да ја поттикне нивната свест, да ги поттикне со плаќање на данокот, да директно да учествуваат во развој на туризмот и другите јавни добра кои се од интерес за целото општество. Секако тоа е неопходно со меѓусебна соработка на институциите, како Управата за јавни приходи, заедно со Општината Охрид од една страна, и од друга страна даночните обврзници почнувајќи од домаќините на соби, апартмани, вили, исто така и хотелите, рестораните и другите угостителски објекти“, изјави Весна Николоска Ристевска – координатор на УЈП – ПЕ Охрид.

Во Охрид има околу 3.000 регистрирани станодавци. Од локалната велат дека фер услови за сите се предуслов за одржлив развој на туристичкиот сектор.

„Особено е значајно да постои координирана и континуирана соработка помеѓу институциите, да имаме навремена информираност со цел да го развиваме бизнис секторот, затоа што туризмот е најзначајна алка во нашиот локален развој и секако ни е важно фер и лојална конкуренција која ќе придонесе да се развива туристичкиот сектор како целина“, изјави Ана Крстевска – заменик-градоначалник на Охрид.

На работилниците учествуваа претставници на Управата за јавни приходи, Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, Комуналниот инспекторат, туристичко-угостителскиот сектор и Здружението ХОТАМ, како и сопственици на сместувачки капацитети.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img