домаМакедонијаБројот на жалби за загубени тендери зголемен за над 50 отсто за...

Бројот на жалби за загубени тендери зголемен за над 50 отсто за една година, Комисијата вели дека адвокати „ловат во матно“

- Advertisement -spot_img

Бројот на жалби од страна на оператори-учесници на повици за јавни набавки во 2025 се зголемил за повеќе од 50 отсто во текот на 2025 во однос на претходните години. Ова е наведено во годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки како неверојатен процент, за кое дури и ова државно тело нема некое конкретно објаснување, освен тоа дека „адвокати ловат во матно“.

Во текот на целата 2025 имало 1.535 поднесена жалба од страна на економските оператори кои не ги добиле тендерите, а при тоа сметале дека тие треба да ја добијат јавната набавка. Како споредба, во 2024 и 2023 се работело само на илјада примени предмети, а во 2022 имало поднесено 837 приговори до Комисијата.

Според Државната комисија, ова се должи на „транспарентното и доследното почитување на законските одредби при одлучувањето, со што се зацврстува довербата кај економските оператори и договорните органи при одлучувањето“.

Зголемувањето на бројот на поднесени поплаки за 52 отсто, според Комисијата се должи и на адвокатите-застапници кои сами иницирале поднесување на жалби за потоа да наплатат за трошоци во случај на добиена жалба.

– Во анализираниот период евидентирано зголемениот број на поднесени жалби во постапките за јавни набавки се должи на зголемениот број на жалби од т.н.„професионални жалители“. Станува збор за субјекти кои поднесуваат жалби по однос на тендерски документации, без реална намера да учествуваат во конкретната постапка за јавна набавка.

Наместо тоа, нивната активност е насочена кон иницирање на жалбени постапки со цел остварување на право на надомест за трошоци за двокатско застапување во случаи кога жалбата ќе биде уважена. Ваквата пракса придонесува кон зголемување на вкупниот број на жалбени постапки и може да влијае како врз ефикасноста и динамиката на решавање на предметите по жалби пред Државната комисија, така и по однос на ефикасноста и динамиката на спроведување на постапките за јавни набавки, гласи коментарот во извештајот.

Од Комисијата додаваат дека големо влијание на зголемениот број на жалби има и самата цена на партиципација која според ова државно тело е мала и треба да биде повисока. За поднесена жалба се уплаќа од 50 до 200 евра во зависност од проценетата висина на тендерот.

Во 2025 биле позитивно усвоени 637 жалби поднесени од обесправените учесници на тендерите. Комисијата во последниот годишен извештај не објавува против кои државни органи се поднесени најмногу приговори при спроведувањето на договорите за јавни набавки.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img