На 28 октомври обвинителите ќе гласаат за наследник на Ислам Абази. Претседателот на советот на јавните обвинители Башким Бесими за Телма потврди дека денеска го потпишал огласот за избор на шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го испратил во службен весник. Рокот од 15 дена за пријавување, почнува да тече по неговото објавување, пренесува телма.мк.
Закон за јавно обвинителство: За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку шест години како јавен обвинител до моментот на пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години.
Според актуелниот закон за ЈО Има 4 годишен мандат со право на реизбор. Законот кој е заглавен во собраниска процедура поради недостаток на 2 третинско мнозинство предвидуваше мандат од 6 години без право на реизбор, но и дека за успешни се сметаат изборите доколку на нив излегле повеќе од половината од вкупниот број на јавните обвинители.
На 28 октомври годинава обвинителите од сите обвинителства ќе имаат шанса по втор пат да бираат шеф на обвинителството за гонење за организиран криминал. Првиот пат , од 4 пријавени кандидати најмногу гласови доби Абази а фотографиите кои излегоа во јавноста со роднини на лидерот на ДУИ Ахмети, предизвикаа бурни реакции и сомнежи.
И тогаш но и на последното појавување на пред медиумите тврдеше дека не заштитил ниту еден функционер од ДУИ и не ја исклучи можноста повторно да се кандидира.
Изминатиот период обвинителство често беше мета на критики од ВМРО ДПМНЕ И премиерот пред се поради одлуката да ја запре постапката за милионската набавка за мазут каде меѓу осомничените беа Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.
Обвинителство отвори и неколку постапки против актуелни функционери меѓу кои и предметот за поткуп против тогашниот директот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев и за злоупотреби со ИПАРД фондови каде меѓу обвинетите е екс директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев.
Обвинета беше и екс претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
Меѓу предизвиците на ова обвинителство се и буџетот и кадарот а и ЕК во последниот напредок констатираше дека се недоволни за ефективно справување со корупцијата на високо ниво и организираниот криминал






