домаМакедонијаЦела Македонија е со висок индекс за пожари

Цела Македонија е со висок индекс за пожари

- Advertisement -spot_img

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Република Северна Македонија е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), информираат од Центарот за управување со кризи.

Според извептајот, исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја).

Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа, и да не се користи оган на отворен простор.

Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на 112, додаваат од ЦУК.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img