Синоќа во касарната „Јане Сандански“ во Штип беа одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија, во пресрет на денешниот Ден на Армијата.
Свеченоста беше одбележана со воен строј и признанија, но и со потсетување на патот што Армијата го измина од осамостојувањето до денес.
Од 1992 година, кога по повлекувањето на ЈНА, Македонија започна самостојно да го гради својот одбранбен систем, Армијата прерасна од регрутен состав со ограничени ресурси во професионална воена сила
вклучена во системот на колективна одбрана на НАТО.
Денот на Армијата е поврзан со 18 август 1943 година, кога на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, еден од значајните воени состави на Народноослободителната борба во Македонија. Денес, покрај одбраната на државата, Армијата има значајна улога и во сојузничките обврски и во поддршката на граѓаните во кризни ситуации.






