домаМакедонијаМакедонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

- Advertisement -spot_img

Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа.

-Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас LNG, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, посочи Божиновска.

Интерконекциите, нагласи, се планирани и за транспорт на 100 проценти водород, со што Македонија се подготвува и за идната европска водородна инфраструктура.

-Повеќе извори, поголема сигурност и посилна регионална поврзаност, порача Божиновска на Фејсбук.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img