Шеснаесетгодишна малолетничка од Гостивар била лишена од слобода откако со мопед удрила во паркиран минибус.
Инцидентот се случил денеска по полноќ, околу 03:00 часот на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Мара Угринова“ во Гостивар.
Според МВР, малолетничката управувала мопед со гостиварски регистарски ознаки, при што удрила во паркиран минибус. При увидот било утврдено дека таа немала возачка дозвола.
По консултација со јавен обвинител, мопедот бил одземен, а против малолетничката ќе биде поднесена соодветна пријава.






