„Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж.
Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен?
Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат.
Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника.
Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.






