домаМакедонијаСДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

- Advertisement -spot_img

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење.

Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии.

Партијата тврди дека ова е уште еден случај по проблемите со водата во Гостивар и Демир Капија, како и по предупредувањата за состојбата со водоснабдувањето во повеќе места низ земјава.

„Македонија e без безбедна вода“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата за системски пропусти и недоволна информираност на јавноста.

Од опозициската партија повторно го отвораат и прашањето за состојбата со водата во Гостивар. Според нив, сè уште нема официјален документ со кој, како што велат, се потврдува исправноста на водата и целосна анализа, ниту одговор кој е одговорен за состојбата. СДСМ бара и одговор од надлежните институции за тоа кој дозволил граѓаните во Гостивар да користат неисправна вода и зошто сè уште нема целосна одговорност за случајот.

Од партијата оценуваат дека случаите во Гостивар, Демир Капија и Кривогаштани покажуваат дека проблемот не треба да се третира како изолиран, туку како прашање што бара сериозна институционална реакција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img