домаМакедонијаОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар одбележува 36 години постоење – заедничка прослава на 18...

ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар одбележува 36 години постоење – заедничка прослава на 18 август

- Advertisement -spot_img

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар одбележува 36 години од своето постоење, со настан на кој ќе се соберат членови, симпатизери, пријатели и поддржувачи на партијата.

По тој повод, на 18 август, со почеток во 18:30 часот, во ДТВ „Партизан“ во Гостивар ќе се одржи прослава под мотото „35 години посветеност, единство и работа во интерес на граѓаните“.

Настанот, како што е наведено во поканата, има за цел да го одбележи досегашниот пат на општинскиот комитет и да биде можност за заедничко дружење и потсетување на годините поминати во партиското организирање и дејствување во Гостивар.

Актуелен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар е Мартин Андоновски, кој на функцијата беше назначен во мај годинава.

Андоновски, кој е и советник во Советот на Општина Гостивар, по преземањето на функцијата порача дека за него раководењето со општинскиот комитет претставува чест, но и голема одговорност, со најави за посветена работа, отворена комуникација со членството и граѓаните и дополнително зајакнување на организацијата.

Од гостиварскиот општински комитет упатуваат покана до своите членови, пријатели и поддржувачи да бидат дел од одбележувањето.

„Драги пријатели, ве поканувам заедно да го прославиме роденденот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. На 18 август, во ДТВ „Партизан“ – Гостивар, да се дружиме, да прославиме и заедно да ја споделиме енергијата и заедништвото што нè обединува“, стои во поканата.

Прославата ќе се одржи на 18 август 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во ДТВ „Партизан“ во Гостивар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img