домаМакедонијаМеѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана,...

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана, уапсени повеќе лица

- Advertisement -spot_img

Голема меѓународна полициска операција резултираше со сузбивање на организирана криминална група за прекугранична трговија со дрога. Во досегашниот тек од акцијата се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Операцијата се спроведува во блиска координација меѓу Министерството за внатрешни работи (Оддел за криминалистичка полиција) и полициските и обвинителските тимови од Косово и Грција, објави 4news.mk

Акцијата е резултат на долготрајна оперативна истрага во која биле следени активностите на криминалната мрежа за шверц на наркотици во трите држави.

Полициските дејствија и претреси продолжуваат во текот на денешниот ден во Македонија и Косово, со цел целосно расветлување на случајот и откривање на сите вмешани лица.

Од МВР информираат дека поради тоа што истрагата е во тек, засега не се откриваат детали за идентитетот на уапсените и начинот на кој функционирала групата. Повеќе информации се најавуваат по целосното завршување на операцијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img