домаСветПапата Лав XIV со порака: Заштитата и достоинството на децата мигранти мора...

Папата Лав XIV со порака: Заштитата и достоинството на децата мигранти мора да бидат во фокусот

- Advertisement -spot_img

Папата Лав XIV ги повика властите и службите за спасување да ја стават заштитата и достоинството на децата мигранти „во срцето“ на нивниот пристап кон миграцијата.

Во пораката за 112-от Светски ден на мигрантите и бегалците, што ќе се одбележи на 27 септември, папата нагласи дека „принципот на најдобри интереси на детето“ мора да се почитува при управувањето со миграцијата, објави агенцијата Анса.

Институциите мора „да ја стават заштитата и достоинството на секое дете и адолесцент во центарот“, рече папата, нагласувајќи ја потребата од ефикасни механизми за правна заштита, поттикнување на семејното обединување и спречување на траумите предизвикани од одвојувањето на децата од нивните семејства.

Итно е потребна промена на перспективата: фокусот на дебатата мора да се префрли од самото управување со миграциските текови кон целосна и непосредна заштита на човековите права, додаде папата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img