домаМакедонијаСо трактор в огнената линија: Аце од Ивањевци го бранеше Лознани од...

Со трактор в огнената линија: Аце од Ивањевци го бранеше Лознани од пожарот

- Advertisement -spot_img

Александар Чепиговски (34) од битолското село Ивањевци со својот трактор влегол директно во огнената линија за да помогне во спасувањето на селото Лознани во Пелагонија, кое синоќа беше зафатено од голем пожар.

Чепиговски со тракторот орал директно низ пожарот, со што помогнал да се запре ширењето на огнената стихија кон куќите во селото.

„Да истакнам еден локален жител, храбар тракторист од село Ивањевци, Аце, кој со неговиот огромен трактор направи големо дело, орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од пожарот кој загрозуваше еден дел од куќите во Лознани. Битката беше многу тешка“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Во пожарот со изгореници е повредено и едно лице од локалното население.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img