домаМакедонијаИлчо Ѓорѓиоски излегува од притвор со гаранција од 508.000 евра

Илчо Ѓорѓиоски излегува од притвор со гаранција од 508.000 евра

- Advertisement -spot_img

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил гаранцијата во имот вреден 508.000 евра. Одлуката е донесена по позитивното мислење на Обвинителството, а на Ѓорѓиоски му се определени мерки на претпазливост – редовно јавување во суд и одземање на патната исправа, пренесе МИА.

Притворот е укинат и за уште две лица, Томислав Младеновски и Ѓуро Чубриновски. Како гаранција, Младеновски депонирал имот во вредност од 206.000 евра, додека гаранцијата на Чубриновски изнесува 1,6 милиони евра. И за нив се определени соодветни мерки на претпазливост.

Тројцата се меѓу лицата опфатени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за наводна проневера на повеќе од 180 милиони денари во ФФМ.

Акцијата беше спроведена во јуни годинава, по повеќегодишна предистражна постапка. Под раководство на јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а во координација со Управата за финансиска полиција и МВР, беа извршени претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје.

Во акцијата беа приведени 12 лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски, додека пет лица останаа недостапни за органите на прогонот. Од 12-те приведени, обвинителството побара притвор за осум, а за четворица предложи мерки на претпазливост.

На 19 јуни, Кривичниот суд по сослушувањето на осомничените определи 30-дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и уште две лица, додека на петмина им беше определен куќен притвор.

Случајот произлегува од претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во ФФМ, како и управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти и самите компании. Тие се сомничат за повеќе кривични дела и проневера на околу 2,4 милиони евра.

Во одделна постапка, поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини беше уапсен во април годинава и му беше определен притвор поради сомнение за проневера во службата поврзана со парични средства за изградбата на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img