домаМакедонијаСДСМ: Кошницата 70.000, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на...

СДСМ: Кошницата 70.000, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

- Advertisement -spot_img

Потрошувачката кошница изнесува околу 70.000 денари, минималната плата е околу 26.000, а просечната околу 49.000 денари, соопшти СДСМ, обвинувајќи ја Владата дека економските пораки што ги испраќа не се совпаѓаат со животниот стандард на граѓаните.

Од опозициската партија велат дека за млад човек кој нема сопствено живеалиште месечните основни трошоци достигнуваат околу 90.000 денари.

„Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот“, порачаа од СДСМ, оценувајќи дека граѓаните најдиректно ја чувствуваат економската состојба преку цените и секојдневните трошоци.

Партијата ги оспорува и тврдењата на власта за економски напредок, раст на платите и пензиите и подобрување на економските показатели, наведувајќи дека тие, според СДСМ, не се пресликуваат во реалниот стандард на населението.

СДСМ и претходно тврдеше дека за покривање на основните трошоци на едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари и дека потрошувачката кошница за две години поскапела за околу 10.000 денари.

„Народот не е талог“, порачаа од партијата, додавајќи дека граѓаните на избори ќе имаат можност да ја оценат работата на актуелната власт.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img