домаМакедонијаБратот на зетот на Трамп за 12 милијарди долари го купува Лос...

Братот на зетот на Трамп за 12 милијарди долари го купува Лос Анџелес лејкерс

- Advertisement -spot_img

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN.

Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес лејкерс, една од најзначајните спортски франшизи во светот. Имаме огромна почит кон лидерството и визијата на сегашните сопственици Џери и Џини Бус. Нашата долгорочна обврска е да градиме врз оваа основа, да се натпреваруваме на највисоко ниво и да им служиме на овој извонреден тим, на неговите навивачи и на градот Лос Анџелес, ги цитираше Игер и Кушнер „ESPN“.

Доколку договорот се реализира, тоа би било рекордна аквизиција во спортската историја. Најголемите аквизиции досега се продажбата на Вашингтон Командерс од НФЛ за 6,05 милијарди долари во 2023 година и Бостон Селтикс од НБА за 6,1 милијарда долари во 2025 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img