домаМакедонијаЈа убил сопругот по години малтретирање: По 17 години затвор, Шефије Јакупи...

Ја убил сопругот по години малтретирање: По 17 години затвор, Шефије Јакупи помилувана

- Advertisement -spot_img

По повеќе од 17 години поминати во затвор, претседателката на државата ја помилува Шефије Јакупи од Зајас, која го уби сопругот кој ја малтретирал и го искасапи телото со електричен нож за леб.

71-годишната Јакупи од кичевското село Зајас доби помилување од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што казната и се намалува за 1 година и 6 месец. Таа беше осудена на 20-годишна затворска казна, па ова значи дека таа треба наскоро да се најде на слобода.

Животната приказна на жената е тажна и мрачна. Кога имала 18 години ја омажиле со стројници за 24-годишниот Абаз. Двајцата првпат се виделе на свадбата, а набргу потоа заминале да живеат во Германија. Но наместо да го живеат германскиот сон, нивната судбина најмногу наликува на сценарио за филм. Според нејзините зборови, сопругот ја малтретирал и ја тепал, ја заклучувал во соба и не ѝ давал ни корка леб.

Еден ден, по 34-години брак, Шефије за време на жолчна расправија и тепачка во домот, зела секира и го убила Абаз. Откако се уверила дека веќе не дише, неговото тело го исекла на парчиња со електричен сечач за леб. Поголемиот дел од остатоците од телото ги спакувала во црна вреќа, која ја фрлила во контејнер. Телото на Абаз никогаш не било најдено бидејќи завршило во дробилката на камион за ѓубре. Сведоштво за страшниот чин биле само остатоците што ги фрлила во ВЦ-шолјата и ја затнале канализацијата, во зградата во германскиот град Дизелдорф.

По убиството, жената се вратила во Кичево, а полицијата ја пронашла во психијатриската болница во Демир Хисар.

„Ме тепаше, пиеше, одеше по швалерки… Четири пати лежев во болница откако ќе ме претепаше. Трпев, трпев со години, но еден ден веќе не може“, рече Шефије во разговор за „Фокус“ во затворот „Идризово“ пред четири години.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img