По повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ја истакна потребата од нова фаза на децентрализација и натамошно зајакнување на локалната власт.
Касами оцени дека општините треба да имаат повеќе сопствени приходи, поголеми надлежности и повеќе простор за одлучување, со цел поефикасно да одговорат на потребите и барањата на граѓаните.
Според него, зајакнувањето на локалната самоуправа е неопходно за функционална демократија и за власт која е поблиску до граѓаните.
„Локалната самоуправа треба да биде демократска и слободна, а граѓаните треба да го чувствуваат присуството и функцијата на општината во нивниот секојдневен живот“, истакна Касами.
Тој нагласи дека зајакнувањето на општините и унапредувањето на процесот на децентрализација претставуваат важен чекор во понатамошното спроведување на духот на Охридскиот рамковен договор, создавајќи можности за поефикасно, поодговорно и повеќе кон граѓаните ориентирано управување.
На 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Касами го истакна значењето процесот да не се гледа само низ призмата на она што е постигнато во изминатите 25 години, туку и преку чекорите што треба да се преземат во иднина за зајакнување на институциите, унапредување на децентрализацијата и градење на поинклузивно општество.






