домаМакедонијаПовик за масовно попишување на Македонците

Повик за масовно попишување на Македонците

- Advertisement -spot_img

Голем дел од нашинците во Австралија имаат можност на пописот кој почна денеска да се изјаснат како Македонци, кои имаат македонско потекло, кои зборуваат македонски јазик и му припаѓаат на македонското православие. Целта на апелите е македонската заедница да биде правилно евидентирана, признаена и да добие што поголема поддршка. Проценките се дека во Австралија има околу 300.000 лица со македонско потекло.

Секој Македонец е важен, изјаснете се како Македонци коишто имаат македонско потекло, зборуваат македонски јазик и припаѓаат на македонското православие. Ова се дел од апелите упатени од страна на македонските организации во Австралија, но и од институциите во матичната земја Македонија, во пресрет на редовниот попис на петтиот континент, којшто се спроведува секоја петта година. За овој попис, за разлика од претходниот, Македонија прави многу повеќе, а македонските владини функционери, постојано ги повикуваат Македонците да се изјаснат како такви, вели директорот на агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов. Додава, секој Македонец треба да е горд, затоа што потекнува од библиска земја.

Апел упатија и македонските православни заедници во Австралија.

На последниот попис во Австралија, како Македонци се изјасниле околу 111.000 лица, иако проценките се дека таму живеат близу 300.000. Целта е на овој попис, како Македонци да се изјаснат најмалку 200.000 лица, вели Ангелов.

Поради промената на уставното име, односите со Македонците во Австралија беа речиси раскинати, но во последниве години значително се подобруваат, вели Ангелов, изразувајќи надеж дека со текот на времето ќе достигнат значајно ниво, во чии рамки тие ќе почувствуваат дека Македонија навистина се грижи за нив.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img