Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ официјално тврдат дека проблемот со здравственото осигурување на сите вработени, не е предизвикан од нивна страна и не упатија одговори да бараме од Фондот за здравство. Бројни вработени со здравствени проблеми немаат здравствено осигурување од вчера од непознати причини.
По извршените проверки во надлежните организациски единици во констатирано е дека проблемот со здравственото осигурување не е предизвикан од страна на МВР. Со исплатата на платата за месец јули 2026 година, сите придонеси за пријавените вработени во МВР се уредно платени. За дополнителни информации во однос на статусот на здравственото осигурување, потребно е да се обратите до Фондот за здравствено осигурување, ни одговорија од МВР.
Од вчера сите вработени во МВР немаат здравствено осигурување – враќани се од хемотерапија, од дијагностички процедури, од лаборатории, со образложение или приватно да си платат, или да чекаат да се регулира состојбата. „Слободен печат“ се обрати и во Министерството за внатрешни работи и во Фондот за здравство од каде очекуваме одговори на што се должи ваквата состојба.






