домаМакедонијаАндоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да одговорат зошто со години молчеле...

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

- Advertisement -spot_img

Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, побара од поранешниот министер за здравство и лидер на СДСМ, Венко Филипче, како и од Рената Младеновска, веднаш да одговорат зошто, како што посочува, со години молчеле за проблемот со загадената вода во Гостивар.

Андоновски обвинува дека лицата кои во изминатите години имале политичка и институционална моќ денес се обидуваат да ја префрлат одговорноста, наместо да дадат одговори за своето постапување.

„Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по добиените над 400 извештаи кои укажувале на загадена вода“, вели Андоновски.

Тој бара гостиварските граѓани да добијат одговор зошто, како што тврди, со години биле изложени на загадена вода и зошто институциите предводени од СДСМ и Филипче не презеле соодветни мерки.

Според Андоновски, актуелната состојба била адресирана со интервенцијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку обезбедување техничка вода и флаширана вода за пиење за граѓаните.

„Паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се расчисти и минатото“, порача Андоновски.

Претседателот на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар упати и повик до Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги истражи документите кои, како што наведува, биле презентирани во јавноста.

Андоновски смета дека граѓаните имаат право да знаат што се случувало со квалитетот на водата во Гостивар и кој сноси одговорност доколку институциите навреме не реагирале на доставените извештаи.

https://www.facebook.com/reel/2253178545292926

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img