домаМакедонијаНа денешен ден пред 34 години Македонија доби знаме и химна: Знамето...

На денешен ден пред 34 години Македонија доби знаме и химна: Знамето се смени, химната остана иста

- Advertisement -spot_img

На 11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“.

Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден.

Тоа знаме стана еден од најпрепознатливите симболи на независна Македонија во првите години од нејзиното постоење, но неговата употреба траеше само до 1995 година. Тогаш беше воведено сегашното знаме – црвено со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите.

За разлика од знамето, химната усвоена во 1992 година остана непроменета.

„Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и претходно се користела како химна на Македонија, а на 11 август 1992 година била потврдена како химна на независната држава.

Усвојувањето на државните симболи следуваше по референдумот за независност од 8 септември 1991 година и донесувањето на новиот Устав во ноември истата година, во период кога Македонија го заокружуваше институционалното оформување како независна држава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img